spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Тетово добива државен студентски дом, објектот е изграден и...

МОН: Шаќири – Тетово добива државен студентски дом, објектот е изграден и во моментов се опремува

Новиот студентски дом кој се гради за потребите на Универзитетот во Тетово се очекува да биде подготвен за прием на студенти идната академска година. Градежните работи се целосно завршени, а во моментов етапно се опремуваат собите и сите останати простории кои ќе им бидат на располагање на студентите што студираат или во иднина ќе одлучат да студираат на овој државен универзитет и ќе имаат потреба од сместување.

Увид во активностите извршиминистерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со заменик министерот Агим Нухиу, ректорот на универзитетот проф. д-р Куштрим Ахмети и претседателот на универзитетскиот сенат проф. д-р Вулнет Амети. Шаќири  информираше дека се работи за крупна инвестиција која ја реализира Министерството за образование и наука и истата е во последна фаза на реализација. Ќе следи партерно уредување и приклучување на студентскиот дом на водоводнатаи електрична инфраструктура во градот.

„Тетово ќе добие комплетен универзитетски кампус. Освен објектите во кои се изведува наставно – научната дејност, со изградбата и пуштањето во употреба на студентскиот дом, државниот универзитет ќе може да понуди комплетна услуга за идните академски граѓани и очекувањата се дека ќе привлече значително зголемен број на студенти во следниот период. Тука недостасуваше сместувачки капацитет и со заложба на Владата тој се гради согласно сите современи стандарди за квалитет“, изјави Шаќири, додавајќи дека новиот студентски дом ќе може да прими околу 300 студенти.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...