spot_img

МЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска заедно со студентите од Технолошко-металуршкиот факултет ја посетија лабораторијата за животна средина

МинистерстваМЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска заедно со студентите од Технолошко-металуршкиот факултет ја посетија...

Најчитано

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска вчера заедно со студенти од Технолошко-металуршкиот факултет, ја посетија лабораторијата за животна средина на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамки на посетата тие беа запознаени со начинот на работа, со специфичната опрема со која располага оваа лабораторија за мерење на загадувањето во животната средина, со методите и најдобрите достапни практики кои се применуваат при извршување на мерењата, како и за кои случаи на загадување е акредитирана оваа лабораторија, во нашата држава.

Заменик министерката Оџаклиеска истакна дека посетата на лабораторијата се реализира како резултат на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ, и најави дека оваа соработка уште повеќе ќе се интензивира и продлабочува во наредниот период.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе