spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Економско зајакнати млади означуваат млади кои ветуваат сигурна иднина

МТСП: Економско зајакнати млади означуваат млади кои ветуваат сигурна иднина

Министерството за труд и социјална политика во склоп на кампањата „Гласна и храбра“ спроведе уште една работилница со младите од Дебар.

Целни групи на работилниците кои ги спроведува министерството во склоп на кампањата се: жени со попреченост, жени од ранливи категории на граѓани, пензионерки и млади лица.

Денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со шефицата на кабинет, Наташа Димеска ја спроведоа работилницата и непосредно разговараа со младите за нивните предизвици.

Работилницата водена од Димеска беше во насока на економско зајакнување и ментално здравје, потребата за градење на самодоверба кај младите и како тоа влијае врз нивниот секојдневен живот.

Беше разговарано за можностите за вработување, придобивките од волонтирање и кои се нивните планови за иднината.

 

Актуелно беше и прашањето за онлајн насилството каде несебично во дискусија се вклучија и младите лица кои беа присутни на работилницата.

На средбата беа присутни млади лица од 17 до 26 годишна возраст.

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Илинден: Асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено...