spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Продолжуваме со кампањата за економско зајакнување и ментално здравје

МТСП: Продолжуваме со кампањата за економско зајакнување и ментално здравје

Министерството за труд и социјална политика во континуитет продолжува со организирање на настани во склоп на кампањата „Гласна и храбра“ со цел економско зајакнување и ментално здравје на различни целни групи.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна со жените без документи и заедно со професорката Софија Арнаудова имаа отворена дискусија. Средбата имаше за цел да се слушнат предизвиците со кои се соочуваат жените без документи.

 

Преку конструктивна дискусија беше опишан секојдневниот живот на присутните и преку водство од професорката Софија Арнаудова беа дадени насоки како можат да работат на нивното ментално здравје и зошто е важно економското зајакнување на жените.

Министерката порача дека има слух за предизвиците со кои се соочуваат жените и посочи дека истите ќе се решаваат еден по еден.

Кампањата „Гласна и храбра“ продолжува во текот на целиот месец март, целта е преку средби лица на целата територија на Република Северна Македонија да се слушнат директно предизвиците со кои се соочуваат граѓаните.

На средбата беше присутна и пратеничката од Собранието на Република Северна Македонија, Љатифа Шиковска.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Битола: Интензивни работни активности на Јавните претпријатија

0
Поволните временски услови изминатиот викенд, овозможија непречено спроведување на работни активности на јавните претпријатија на повеќе локации. Јавното претпријатие Комуналец во соработка со Општина Битола,...