HomeМинистерстваМТСП: Тренчевска: Системските решенија носат резултати на краток, но и на долг...

МТСП: Тренчевска: Системските решенија носат резултати на краток, но и на долг рок

spot_img
spot_img

Системските решенија даваат резултати! Она што мене ми е приоритет е носење на системски решенија кои што ќе даваат резултат како на краток, така и на долг рок. Оваа одлука што ја донесовме на Економско социјалниот совет за висината на минималната плата е одлука на едно системско решение кое го донесовме изминатата година со измените на Законот за минимална плата каде што утврдивме нова методологија врз основа на која ќе растат платите во државата“, рече Тренчевска во дебатната емисија на Телевизија 24.

Таа истакна дека и покрај економската, енергетската и КОВИД кризата платите во државата растат, oдносно минималната плата расте со растот на минималната плата и просечната плата ќе расте. Онаму каде што матичните закони се усогласени со законот за минимална плата каде во основната плата влегува минималната плата, платите ќе пораснат за 2.175 денари.

 

Министерката на емисијата се осврна и на недостигот на работна сила во државата.

„Евидентно е дека имаме недостиг на работна сила во државата, меѓутоа исто така имаме и голем број домаќинства на приматели на гарантирана минимална помош, а е работно способно население. Затоа правиме измени на Законот на социјална заштита за да можеме да ги вратиме на пазарот на труд“, истакна министерката.

Таа посочи дека граѓаните не треба да бидат долго време во системот за социјална заштита, туку треба економски да се зајакнуваат.

Тренчевска истакна дека се работи и на други законски решенија кои ќе значат лесна пријава и одјава од пазарот на трудот.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија