spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Заменик министерот Хусејин учествува на 26-от Евроазиски економски самит

МТСП: Заменик министерот Хусејин учествува на 26-от Евроазиски економски самит

Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин учествува на 26-от Eвроазиски економски самит, организиран од страна на Фондацијата Мармара (Marmara Group Fondation), во Турција.

На самитот, заменик министерот Хусејин говореше на тема “Ефектите од новиот поредок”, при што рече: „Изминативе неколку години беа во голема мера предизвикувачки и преставуваат тест на спремност на системите, меѓу кои и системот на социјална заштита, за справување и надминување на кризите. Во време на Ковид кризата, со наменски и таргетирани финансиски мерки кон најранливите, корисници на социјалните бенефиции, пензионери, Министерството за труд и социјална политика делуваше кон намалување или ублажување на ценовните шокови кои ги наметнаа пазарите. Паралелено, не изостана и воспоставувањето, односно давањето на социјалните услуги кои во голема мера исто така успеаа да влијаат кон обезбедување на соодветна грижа и нега на оние граѓани кои им е најпотребана, услуги покриени од државата како државни така и услуги склучени со (приватни) овластени даватели на социјални услуги”.

Пред присутните заменикот Хусејин информираше за активностите кои што Министерството за труд и социјална политика ги спроведе изминатиот период.

„Јa зголемивме висината на посебниот додаток за 15% за сите три подвидови на корисници! Дополнително, во месец јануари се направи усогласување на правата од социјална и детска заштита со трошоците за живот. Корисниците на правата со исплата за месец јануари добија за 14.2 % повисоки исплати”, рече Хусејин и дополни дека се обезбеди и финансиската поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.

На самитот, заменикот министерот Хусејин говореше и на тема: „Управување со технологијата во новиот светски поредок и мислите на младите“.

 

„Денес, пристапите за управување со технологијата ја изразуваат потребата за систематско управување со технологијата од стратешка и оперативна перспектива. Во овој контекст, управување со технологијата- Тоа е процес кој вклучува планирање, насочување, контрола и координирање на развојот и спроведувањето на технолошките способности за обликување и постигнување на стратешките и оперативните цели на претпријатието.

Мислите на младите ја обликуваат нашата иднина. Затоа, прашањето какви млади воспитуваме и што сакаат младите треба да ни биде многу важно”, потенцираше Хусејин.

На самиот крај, Хусејин резимираше дека младите луѓе сакаат да бидат поддржани во променливиот брз живот, претпочитаат да учат преку искуство, сакаат да бидат разбрани, а не критикувани и очекуваат почит.

Според Хусејин, младите ги бранат вредностите на промена, еднаквост и слобода.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте