spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: „Жени кои спасуваат животи а немаат лек за дискриминацијата–жени во белиот...

МТСП: „Жени кои спасуваат животи а немаат лек за дискриминацијата–жени во белиот мантил“

Министерството за труд и социјална политика организираше дискусија насловена „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата–жени во белиот мантил“ како дел од кампањата „Гласна и храбра“ која се реализира во месец март. Дискусијата има за цел подигнување на свеста за дискриминацијата на жените во белиот мантил како предуслов за родова еднаквост во општеството.

На дискусијата се обратија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, советничката за здравство на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ана Данева Маркоска, специјализантката по кардиологија и претседателката на Здружение на лекари специјализанти, Александра Ѓорѓиева и специјализант, медицинска сестра во Клиника за гинекологија, Маргита Трифуновска.

 

„Половата дискриминација во здравствените професии се однесува на целата култура на пристрасност кон женските лекари, изразена вербално преку погрдни и агресивни коментари, пониски плати и други форми на дискриминаторски дејствија од претежно машки врсници. Овие жени се соочуваат со потешкотии во нивната работна средина како резултат на позициите на моќ доминирани од мажи во областа на медицината, како и првичните предрасуди претставени во процесот на вработување, но не ограничувајќи се на унапредување“, рече Данева која се обрати во улога на модератор на настанот.

Министерката Тренчевска во своето обраќање се осврна на актите на насилство со кои се соочуваат жените кои се здравствени работници.

„Мора да признаеме дека секогаш кога се споменува здравството и здравствените работници  тоа е најчесто во конотација на тоа дека вие имате законска обврска да се грижите за болните и за пациентите и да ја дадете својата безрезерва поддршка во вашата работа со нив, но императив е вие пред се  да ги остварите своите права пред се преку обезбедување на безбедна работна средина за себе и за своите соработници, а тоа значи елиминирање на секаков вид на вознемирување на работно место, родово базирано насилство, мобинг, сексизам и слични облици на дискриминација и насилство кои несмеат да се толерираат“, рече Тренчевска.

Во дискусијата се вклучи со сопствени примери и дел од нејзиното искуство и претседателката на Здружение на лекари специјализанти, Александра Ѓорѓиева.

„Драги жени лекари прифатете ја раководната позиција која ви се нуди, говорете погласно на утрински состанок, наметнете го вашето професионално мислење околу третман на пациент, застанете позади своите убедувања, дојдете на ноќен повик. Сушината на потребата од вакво однесување е разликата на начинот на кој  во основа размислуваат мажите и жените, покрај биолошките разлики постојат и научени однесување кои се врежени длабоко во нас. Во основа мажите го говорат јазикот на моќта и доминацијата и само преку таков тип на однесување тие се стекнуваат со почит кон својот соговорник. Се додека не дојде времето на Liberté, égalité, fraternité доминирајте го вашиот професионален простор, јас секогаш велам вистинска моќ е мека моќ а кој знае тоа подобро од една жена“, порача Ѓорѓиева.

Маргита Трифуновска во своето обраќање истакна дека жените во медицинските професии долго време се дискриминирани на различни начини. Истакна дека покрај зголемениот број на студентки по медицина, жените сè уште се недоволно застапени во лидерски улоги, до скоро време вклучително и началници на оддели и декани на медицинските факултети. Тие, исто така, се соочуваат со разлики во платите во споредба со нивните машки колеги, дури и кога се земаат предвид факторите како специјалност, искуство и продуктивност.

Како гости на дискусијата беа присутни вработени жени и мажи во здравство, како и студенти.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте