HomeСамостојни органиАФПЗРР: Исплатени директните плаќања за живинарство

АФПЗРР: Исплатени директните плаќања за живинарство

spot_img
spot_img

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  ја реализираше исплатата за директните плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети и директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети.

Со исплатата се опфатени 35 баратели со вкупна финансиска поддршка од 80.6 милиони денари.
Висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или амортизирани несилки изнесува 80 денари по несилка, додека висината на финансиската поддршка за одгледани и продадени или заклани бројлери изнесува 40 денари по пиле.

,,Со оваа исплата започнуваме со сеопфатна исплата на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството предвидени за сточарското производство. Во следните денови ќе се реализираат исплатите и за одгледувачите на говеда, овци, кози, маторици, како и за земјоделските стопанства кои поседуваат пчелни семејства” – појаснуваат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија