spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Транспортно возило за потребите на градинката „Росица“

Ѓорче Петров: Транспортно возило за потребите на градинката „Росица“

Општина Ѓорче Петров обезбеди возило за потребите на градинката „Росица“ кое ќе може да се користи за транспортни услуги.

Поради зголемениот обем на работа на градинката, но и со отворање на новиот клон „Сонце“ во Волково, се зголеми и потребата и од транспортни услуги на оваа установа.

-Наш приоритет секогаш ќе бидат најмалите жители, а тоа се нашите дечиња. Грижата за нив е наша основна обврска. Општина Ѓорче Петров веднаш излезе во пресрет. Нашето внимание е насочено кон зголемување на капацитетите на градинките, но и помош во однос на дополнителни проекти кои ќе го подобрат секојдневието на нашите дечиња и на образовниот када – рече градоначалникот Александар Стојкоски.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...