Во тек е асфалтирање на пешачката патека на улица ,,2” во населба Илинден, во должина од 620 метри и широчина од 1,5 метри, која се наоѓа на една од најфрекфентните делници во општината и се протега од надвозникот на влезот во општина Илинден се до раскрсницата на улиците ,,8” и ,,9”.
Увид во работните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека работите течат со брза динамика и наскоро жителите од овој дел на општина Илинден ќе добијат убава и безбедна пешачка патека.
Потребата за реконструкција на оваа пешачка патека се јави поради оштетувањата кои беа направини при инсталацијата за обнова на електроенергетската мрежа. Истата, е од големо значење за жителите од населеното место Илинден, при што ќе се придонесе за подобрување на безбедноста во сообраќајот, особено на пешаците и велосипедистите.
Извор: Општина Илинден