Општина Илинден продолжува со чистење на каналската мрежа и речните корита на нејзина територија. Согласно Годишната програма на Општината, Годишната програма на Водостопанство и Акциониот план за чистење на каналската мрежа на територија на општина Илинден, во тек е чистење на коритото на Сува река на потегот од Бучинската брана кон местото наречено Дол на изворот на реката во должина од 900 метри.

Во текот на наредниот месец предвидено е чистење на Ободен канал во н. Илинден на потегот од автопатот кон локалната економска зона Стопански комплекс Илинден во должина од 3000 метри.

Извор: Општина Илинден