spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јануари 2023 година

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, јануари 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 113.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (23.4 %), Градежништво (20.9 %) и Информации и комуникации (17.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (5.1 %), Преработувачка индустрија (5.0 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.5 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 33 943 денари.

 

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика

Прочитајте