spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Лога- Бомгартнер - Франција ќе ги поддржи реформите во правосудството

МП: Лога- Бомгартнер – Франција ќе ги поддржи реформите во правосудството

Франција е меѓу најважните пријатели на нашата земја која има клучна улога во многу значајни  процеси како што е францускиот  предлог со кој ни се врати надежта за отварање на евроинтеграцискиот процес на нашата земја.

Ова го констатираа на средбата министерот за правда Кренар Лога и амбасадорот на Франција Н.Е Сирил Бомгартнер.

Министерот Лога го информираше амбасадорот Бомгартнер за подготовката на  Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027, како и проектите за дигитализација на судството и обвинителството што во голема мера  ке влијае во сузбивањето на корупцијата и злоупотребите. Во оваа насока, Лога  го извести францускиот амбасадор  дека сме ангажирани за успешен систем за распределба на предмети како во судството така и во обвинителство при што Министерството за правда ке има надзорна улога на целиот процес.
На средбата се говореше и за начелниот  договор со Премиерот за буџетска независност на ДКСК, Судскиот Совет и Советот на јавни обвинители.
Амбасадорот Сирил Бомгартнер ги поздрави амбициозните планови на министерот за реформи на целокупниот систем во правда и обвинителство и изрази подготвеност Франција да помогне во сите овие процеси со различна помош, вклучувајќи и екпертската. Тој исто така го оцени како позитивен ангажманот на министерот Кренар Лога за воспоставување дијалог со опозицијата, почнувајќи од изборната реформа и го охрабри да продолжи со ваквите процеси  кои се битни  за евроинтегративниот  пат на земјата.
Лога и Бомгартнер разговараа за ветингот при што  министерот го повтори ставот дека овој процес треба да биде доверлив и да се реализира со поддршка  на ЕУ и САД.Значајно е и прашањето за  ревизија на сомнителните судски монтирани случаи за што се повтори барањето за помош од земјите членки на ЕУ.

Прочитајте