HomeВладаПреговарачкиот процес со ЕУ мора да продолжи, тоа е во интерес на...

Преговарачкиот процес со ЕУ мора да продолжи, тоа е во интерес на граѓаните, државата и регионот

spot_img
spot_img

Заменик претседателот на Влада задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ оствари средба со специјалниот претставник на Романија за Западен Балкан, Адриан Даводоју.

На средбата беше разговарано за европската интеграција на Северна Македонија, билатералната соработка која ја имаме со Романија и за политичката ситуација во регионот.

Вицепремиерот Маричиќ изрази благодарност за поддршката од страна на Романија и потенцираше дека секаков вид понатамошна поддршка ќе биде добредојдена.

Специјалниот романски пратеник Давидоју го потврди напредокот кој го имаме направено и изрази очекување дека ќе го искористиме позитивниот политички момент, ќе ги направиме уставните измени и ќе продолжиме со преговарачкиот процес.

Вицепремиерот Маричиќ го информираше Давидоју и за текот на скринингот, изработката на Патоказите и за актуелните реформи кои како што кажа вицепремиерот „треба да ги продолжиме со поголема динамика и да испорачаме резултати, со цел да го забрзаме нашиот европски пат“.

Во таа насока Давидоју истакна дека Романија, како една од помладите членки на ЕУ и со посвежи искуства во преговори за членство, стои на располагање за унапредувањето на соработката, преку експертска помош во процесот на преговори и тоа во повеќе области, меѓу кои борбата со корупцијата, правосудство и сајбер безбедноста.

На средбата присуствуваше и Амбасадорката на Романија во Република Северна Македонија, Адела Моника Аксинте.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија