Во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација, министерот Азир Алиу оствари работна средба со директорката на А.Д. “Македонска Пошта” на Северна Македонија – Бујаре Абази, заменик генералниот директор Ненад Јосевски, Елми Зендели Директор за поштенски операции и Дарко Матески – Служба за продажба и дистрибуција.
Од страна на МИОА беа присутни вработените кои оперираат со Центрите ,,Една точка за услуги” и од Националниот портал на е-услуги.
На средбата се разговараше за воспоставување соработка во однос на обезбедување и приближување на електронските услуги.
Воедно, се разговараше за користење на услугите и капацитетите на поштенската мрежа. На средбата се договорија да се формираат работни групи од двете институции со цел реализација и подобрување на услугите за доброто на граѓаните.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација