HomeМинистерстваМНР: Османи на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

МНР: Османи на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

spot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, акредитирани во земјава. Министерот направи пресек на последните случувања на надворешен план, со акцент на нашата ЕУ агенда и одржувањето на Советот за стабилизација-асоцијација за првпат во Северна Македонија, средбата во рамки на Косово-Србија дијалогот во Охрид, како и вчерашната посета на шефицата на германската дипломатија, со што ЕУ порача дека ја смета Северна Македонија за кредибилен партнер.

 

“Одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијација минатата седмица за првпат во Скопје, како и одржувањето на средбата меѓу српскиот претседател А. Вучиќ и косовскиот премиер А. Курти во Охрид е признание за новата улога на Северна Македонија во регионален контекст во насока на зачувување на регионалната безбедност и просперитет, промовирање на културата на дијалог и ЕУ перспективата на државите од Западен Балкан” рече Османи, истакнувајќи дека оваа интензивна надворешно-полтичка агенда претставува потврда за европската иднина на регионот.

 

На средбата стана збор и за следните чекори во однос на нашиот пристпаен процес во ЕУ, со посебен акцент на досегашната успешна реализација на скринингот, потребата од донесување на уставните измени како наша преземена обврска, тековните предизвици во рамки на претседавањето со ОБСЕ и одржувањето на третото издание на Преспа форум за дијалог.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија