spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Конкурс за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари...

МОН: Конкурс за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование

Врз основа на член 24-а од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 37/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 118/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/1764/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.229/20) и Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на општинско, регионално и државно ниво во средното образование бр. 19-2249/1 од 05.03.2013 година, бр.20-2928/1 oд 02.03.2017 година и бр.13-5583/1 од 29.3.2021 година,  Министерството за образование и наука објавува

Ко н к у р с
за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование

 

Министерството за образование и наука објавува Конкурс за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование.

На овој Конкурс право на учество имаат здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога поднесуваат пријава за организирање на натпреварите и да обезбедат организирање на натпревари на целата територија на Република Северна Македонија на сите наставни јазици .

 

Со поднесувањето на Образецот на барањето за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците во средното образование, здруженијата на наставници треба да достават:

  1. Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на Република Северна Македонија,
  2. Тековна состојба на здружението на наставници издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија,
  3. Биланс на состојба и биланс на успех на здружението на наставници издадени од Централен регистар на Република Северна Македонија,
  4. Статут на здружението на наставници,
  5. Правилник за организирање на натпреварите на здружението на наставници,
  6. Тригодишен календар за спроведување на натпреварите за учениците во средните училишта во кои ќе бидат содржани наставните предмети временскиот период за реализација на натпреварите и одговорните наставници кои ќе бидат вклучени во организацијата и реализацијата на натпреварите.

Доколку на Конкурсот се пријават две или повеќе здруженија кои ги исполнуваат условите согласно член 24-а од Законот за средното образование, Комисијата за акредитација на здруженија на наставници одлучува врз основа на дополнителни критериуми и тоа:

– број на наставници кои членуваат во здружението,

– број на наставници од здружението коишто како ментори учествувале на меѓународни натпревари/олимпијади и

– добиените награди за освоени места на меѓународни натпревари/олимпијади каде што ментори биле наставници од здружението.

Заинтересираните здруженија чија документација ќе биде некомплетна или ненавремено доставена нема да бидат земени во предвид во процесот на понатамошно разгледување и акредитирање.

За организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или сојуз на здруженија по одделен наставен предмет, односно област за период од три години сметано од датумот на издавање на Решението за акредитација.

Избраните здруженија на наставници, односно сојузи на здруженија со правилник за организирање на натпреварите ќе го уредат начинот на организацијата, како и натпреварите на учениците да ги организира преку наставници што изведуваат настава по одделен наставен предмет, сроден предмет или област, како и да обезбеди организирање натпревари на целата територија на Република Северна Македонија на сите наставни јазици, со исклучок на натпреварите по македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература.

 

Здружението на наставници или сојузот на здруженија може да издаде само една диплома за освоено прво, второ или трето место на ученик кој учествувал на државен  натпревар по одделен  наставен  предмет, сроден предмет или област, пофалница на наставникот – ментор, а за останатите учесници може да издаде уверение за учество на натпреварот.

Право на учество на овој Конкурс имаат здруженијата на наставници и сојузите на здруженија на наставници кои немаат добиено акредитација за следните општообразовни наставни предмети за гимназиско и стручно образование:

– македонски јазик и литература;

– албански јазик и литература;

– турски јазик и литература;

– англиски јазик;

– француски јазик;

– германски јазик;

– руски јазик;

– италијански јазик;

– математика;

– биологија;

– физика;

– хемија;

– географија;

– историја;

– социологија;

– граѓанско образование;

– бизнис и претприемништво;

– бизнис;

– спорт и спортски активности;

– музичка уметност/култура;
– ликовна уметност;
– педагогија;
– психологија;
– вовед во право;
– менаџмент;
– логика;
– етика;
– економија.

 

Стручните предмети од следните струки:

– градежно – геодетска;
– геолошко – рударска;

– графичка;
– економска – правна и трговска;

– здравствена;
– струка лични услуги;
– текстилно – кожарска;
– угостителско – туристичка;

– шумарско –дрвопреработувачка;

– хемиско – технолошка;

– земјоделско – ветеринарна;

– електротехничка;

– машинска;

– сообраќајна;

 

Стручни предмети  од уметничко образование за:

– музичка уметност;

– балетска уметност;

– ликовна уметност и дизајн.

Потребната документација се доставува во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој Конкурс во писарницата на Министерство за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...