spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Фокусирани сме на дигитализација на услугите кои ги нуди...

МОН: Шаќири – Фокусирани сме на дигитализација на услугите кои ги нуди националниот образовен систем

Министерството за образование и наука во изминатиот период е насочено кој целосна дигитализација на сите процеси во образовниот систем. Голем дел од услугите кои ги нуди образовниот систем, како што се запишување на дете во прво одделение, запишување на ученик во средно училиште, запишување на ученик во спортска академија, нострификација на дипломи стекнати во странство за основно, средно и високо образование, секаков тип на ученички и студентски стипендии, сместување во ученички и студентски домови, субвенциониран оброк, конкурси од областа на науката се дигитализаирани. Ова го истакна министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на панел дискусија посветена на дигитализација на образованието, која  е дел од одбележувањето на 20 годишнината на Американски универзитет на Европа – ФОН.

Министерството и  Бирото за развој на образованието, со поддршка на УНИЦЕФ и Владата на Велика Британија го развија порталот Едуино, наменет за поставување и користење на  дигитални образовни ресурси, а воедно служи и како систем за учење на далечина, за што, министерот Шаќири особен акцент дава на најновите онлајн модули за континуиран професионален развој на наставниците и е-библиотека за ученици и наставници.

“Во моментов содржи: 4723 видео лекции на 5 наставни јазици (македонски, албански, турски, српски и босански); 1353 едукативни игри и активности за употреба дома и во училница, видео упатства и материјали за поддршка на наставниците. Најновата функција додадена на платформата овозможува онлајн модули за континуиран професионален развој на наставниците, што ќе придонесе за дополнително подобрување на квалитетот на образованието“, рече Шаќири.

Посочи и дека, како дел од процесот на дигитализација на образованието во 2021 година беа дизајнирани и изработени дигитални интерактивни материјали за учење за 4 одделение. Материјалите беа изготвени врз основа на новата Концепција за основно образование со цел учениците полесно да ги разберат содржините кои се изучуваат согласно новите наставни програми за 4 одделение.

„Во иднина ќе ги задржиме традиционалните хартиени учебници во основното и средното образование, но ќе обезбедиме и дигитални верзии, заради полесна достапност и примена од страна на оние за кои се наменети“, додаде министерот.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...