HomeМинистерстваМЖСПП: Националните паркови имаат силна поддршка во одржливото управување со природните вредности

МЖСПП: Националните паркови имаат силна поддршка во одржливото управување со природните вредности

spot_img
spot_img

Во рамки на одржување на интензивни средби со сите партнери, соработници и засегнати страни министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова одржа работна средба со директорите на сите четири национални паркови во нашата држава.

 

На средбата се разговараше за тековните состојби во националните паркови, како и за предизвиците со кои се соочуваат во обезбедување на одржливо управување со заштитените подрачја.

Министерката Шукова истакна дека МЖСПП ќе продолжи да им дава поддршка на јавните установи што управуваат со националните паркови и беа посочени најприоритетните области во кои им е потребна помош од централната власт. Расчитување на дивите сметлишта и дивите депонии, решавање на прашањата со дивоградбите, поддршка во финаснирањето и воспоставувањето на еко-системските услуги како систем на самофинасирање на парковите, градење на капацитетите, како и поддршка од страна на МЖСПП при обезбедување на финансиска помош од меѓународни донатори се посочиј како главни точки на соработката.

Директорите на националите паркови ја истакната добрата меѓусебна комуникација особено во размената на искуства меѓу четирите јавни установи, но и со службите на МЖСПП.

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија