spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Презентиран нацрт текстот на Предлог Законот за климатска акција

МЖСПП: Презентиран нацрт текстот на Предлог Законот за климатска акција

На јавната расправа Министерството за животна средина и просторно планирање го презентираше нацрт текстот на Предлог Законот за климатска акција.

Воведно обраќање имаше министерката за животна средина и просторно плaнирање Каја Шукова која нагласи дека климатската акција е во сржта на европскиот зелен договор, чија цел е трансформација на ЕУ во модерна, одржлива економија и постигнување на климатска неутралност на ЕУ до 2050 година.

– На Република Северна Македонија првично и е потребна сеопфатна законска рамка дизајнирана вo согласност со законодавството за клима на Европската Унија, со која ќе се обезбеди солидна законска основа за стратешко планирање и креирање политики согласно рамката на политиките на ЕУ за клима и енергија со перспектива до 2050 година – рече Шукова.Zakon-klimatska_akcija_1

Таа објасни дека во моментот не постојат неопходни регулативни мерки и соодветна институционална поставеност потребна за да се обезбеди усогласување на национално законодавство со законодавството за клима на ЕУ, како и спроведување на регулативни мерки.

Д-р Теодора Обрадовиќ Грнчаровска го презентираше нацрт текстот на Предлог законот и истакна дека имајќи ја предвид комлексноста и опфатот на материјата што овој Закон треба правно да ја регулира, МЖСПП е целосн отворен за издржани коментари, сугестии и предлози.Zakon-klimatska_akcija_3

Предлогот на Законот за климатска акција прилагодува неколку правни акти на ниво на ЕУ, согласно нашиот статус на земја со отворен процес на полноправна членка во европското семејство.Zakon-klimatska_akcija_2

На јавната расправа присуствуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, заинтересирани граѓани, невладини организации, претставници од бизнис секторот, претставници од индустриски сектори , како и претставници од медиумите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте