spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Теренската кампања продолжи во полошкиот регион, остварени средби со земјоделци и...

МЗШВ: Теренската кампања продолжи во полошкиот регион, остварени средби со земјоделци и мали производители од Гостивар, Тетово и Врапчиште

Тимовите од МЗШВ, АФПЗРР, АПРЗ и АХВ, заедно со вработените во подрачните единици во рамките на теренската кампања за подобра информираност на земјоделците, посетија неколку локации и одржаа средби со земјоделци и мали производители на храна од полошкиот регион.

Од почетокот на месецов континуирано се одржуваат темелни информативни средби, на кои детално се објаснуваат постапките за аплицирање на јавните повици кои се во тек, за грантови до 10.000 евра. Во моментов течат три јавни повици за финансиска поддршка: Јавен повик за мали винарии, Јавен повик за мали производители на храна од животинско потекло и Јавен повик за мали производитрли на храна од неживотинско потекло. За да можат да аплицираат на повиците, малите производители треба да се евидентираат како оператори со храна во АХВ.

Според нашите информации интересот е голем, а најмногу прашања има околу чекорите за евиденција и потребната документација за јавните повици. Токму за таа цел, интензиво тече теренска кампања на повеќе тимови, со крајна цел да се одржат над 500 состаноци со земјоделци низ сите региони. Информациите се споделуваат и на веб страната на министерството и на социјалните медиуми, што е многу важно за да допреме до секој земјоделец.

Во Гостивар се одржа централен настан во заедничка органзиација со ИМЕ и Швајцарската амбасада, на кој присуствуваа земјоделци и мали производители на храна од регионот, како и претставници на здруженијата Национална федерација на фармери, Алијанса Премиум и Слоу Фуд Македонија.

Карванот продолжи со посета на компаниите Монтенегро-Гостивар и месна преработувачка индустрија Карнем во село Зубовце, Општина Врапшичте, кои се корисници на ИПАРД програмата. Се остварија и средби со жени земјоделки и мали производители во село Тумчевиште и село Сараќино. Во село Лешок, остварена е средба со земјоделците од селото, на која присуствуваше и Иснириза Хелили поглавар на полошкиот регион.

Освен средбите со земјоделци, таргет група на денешниот карван беа и учениците средношколци од земјоделската и ветеринарсната струка од Регионалниот центар за стручно образование и наука „Моша Пјаде“ – Тетово. Министерот Николовски имаше средба со средношколци од 3 и 4 година на земјоделска и ветеринарна струка и ги информираше дека своето образование можат да го продолжат на некој од земјоделските или ветеринарнни факултети, со стипендија од 18.000 денари.

 

На крајот од целодневната теренска активност, одржана е средба со вработените од подрачните единици на МЗШВ, АПРЗ и АХВ со цел подобра информираност за текот на редовните работни активности и интересот кај земјоделците за аплицирање на активните повици за грантови до 10.000 евра.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...