spot_img
spot_img

МНР: Претседавачот Османи лансираше процес за нов Стратешки концепт на Повелбата

МинистерстваМНР: Претседавачот Османи лансираше процес за нов Стратешки концепт на Повелбата

Најчитано

Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба во Скопје се одржа првиот неформален министерски состанок, со кој претседаваше министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Во фокус на дискусиите беа можностите за зајакнување на политичката улога на Повелбата во контекст на тековните регионални состојби и безбедносни предизвици, при што Османи  ја претстави амбициозната цел- лансирањето на процес за создавање нов Стратешки концепт на А5, како и другите приоритети на претседавањето.

“После две декади постоење, геополитичките околности во регионот и пошироко се значајно променети, а особено по актуелната воена агресија на Русија врз Украина. Дополнително, А5 во голема степен ја има исполнето иницијалната цел за која беше основана. Денес практично сите три земји основачи, дополнително и Црна Гора како подоцнежна членка на Повелбата се членки на НАТО. Оттука, нашата цел е да ја адаптираме А5 на актуелните состојби и да ја зајакнеме нејзината политичката улога во насока  на полесно справување со современите безбедносни и регионални предизвици”, истакна Претседавачот, Османи.

Воедно, Османи нагласи дека меѓу приоритетите на претседавањето со А5, се заложбите за зајакнување на координацијата меѓу земјите на Повелбата кои се членки на НАТО, поголем ангажман и вклученост на земјите од Повелбата кои не се членки на Алијансата, како и проширување на регионалната соработка за актуелни теми како справувањето со хибридни и сајбер закани, стратешки комуникации и сл.

Денешниот состанок беше заокружен со усвојување на Заедничка изјава од страна на земјите членки со две значајни пораки: поддршка за политиката на отворени врати на А5, преку подготвеност да се адресира што е можно поскоро апликацијата на Косово за членство во А5; осуда на руската воена агресија и поддршка за Украина.

САД – Јадранската Повелба претставува најважната иницијатива за промоција на евро – атлантските вредности во регионот. Покрај Северна Македонија, членки на Иницијативата се Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, и Црна Гора; додека Косово, Србија и Словенија имаат статус на земји-набљудувачи. Како стратешки партнер и основа, во А5 присутни се и САД, што на оваа Иницијатива и дава посебна политичка тежина.

 


 

ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА

Неформален состанок на Партнерската комисија на Јадранската повелба

Претседателство на Северна Македонија 2023

Скопје, 28 март 2023 г.

1. Ние, Министрите за надворешни работи на Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија и Претставниците на Република Хрватска, Црна Гора и Соединетите Американски Држави, се сретнавме во Скопје на 28 март 2023 г. под Претседателство на Република Северна Македонија на неформален состанок на Партнерската комисија на Јадранската повелба.

2. Изразуваме благодарност до претставниците на Косово,*1 Србија и Словенија за нивното присуство на состанокот во својство на набљудувачи, како и за нивната вкупна поддршка во рамки на Повелбата.

3. Оваа година ја одбележуваме 20 годишнината од формирањето на Јадранската повелба. Во изминатите 20 години, Повелбата произведува безбедност и стабилност во овој дел на Европа. Повелбата беше и останува уникатен форум за соработка, кој и натаму има важна улога во процесот на евроатланска интеграција на земјите од Регионот. Истовремено со активностите за постигање на нејзините основни цели, Повелбата исто така придонесе кон спроведувањето на националните реформски процеси и значително го подигна нивото на регионална соработка.

4. Го земаме предвид фактот дека 20 години по формирањето на Повелбата околностите се драматично променети. Руската воена агресија врз Украина од темел ја смени европската безбедност со особено тешки последици, вклучително и за нашиот Регион. Нашите демократски општества се изложени на најразлични видови не-воени, асиметрични и хибридни закани од државни и недржавни актери, како што се сајбер напади, кампањи со манипулирање на информациите, странско вмешување во внатрешните работи и економска присилба.

5. Со оглед на актуелните предизвици и закани и потпирајќи се на демократските вредности, се залагаме за продлабочување на регионалната соработка, како што е соодветно, давајќи заеднички, стратешки и координиран одговор, преку размена на информации, искуства и најдобри практики, во справувањето со новите и заканите што се појавуваат. Во овој контекст, натаму се залагаме да ја зајакнеме нашата заедничка соработка во целите на уште поделотворна борба против сајбер и хибридните закани, како и да продолжиме да соработување со цел натаму да ги унапредиме нашите способности на рамниште на највисоките стандарди на НАТО и ЕУ на ова поле. За оваа цел, како што е наведено во Заедничката изјава донесена во декември 2022 г. За време на црногорското Претседателство со Повелбата, го охрабруваме процесот на натамошно прилагодување на Повелбата.

6. Силно ја осудуваме руската воена агресија врз Украина, која предизвика огромно страдање за народот на Украина. Оваа војна исто така ги поткопува безбедноста и стабилноста во Европа и претставува сериозен напад врз меѓународниот поредок заснован на правила.

7. Го изразуваме нашето особено почитување за отпорноста и храбрата одбраната од страна на Украина, нејзината армија и народ низ сè уште тековната неоправдана агресија од Русија. Повторно ја изразуваме нашата одлучна поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во рамките на нејзините меѓународно признати граници. Украина има инхерентно право на самоодбрана за да ја обезбеди сопствената независност и суверенитет и право самостојно да ги избере сопствени безбедносни аранжмани.

8. Од почетокот на целосната руска инвазија, обезбедивме политичка, практична и хуманитарна помош за Украина. До денес, одредени земји членки на Повелбата придонеле со приближно 32,7 милијарди американски долари воена помош. Исто така, земјите членки на Повелбата донирале околу 1.62 милијарди американски долари хуманитарна помош. Подготвени сме да ја зголемиме ваквата поддршка преку заеднички мерки за зајакнување на способноста на Украина да ја одбрани сопствената независност и територијален интегритет.

9. И натаму остануваме посветени на основните начела на Јадранската повелба, вклучително и на нејзината политика на „отворени врати“, и ја изразуваме нашата волја што е можно поскоро да го разгледаме официјалното барање на Косово за членство во Повелбата.

10. Ја цениме иницијативата и напорите на Република Северна Македонија за соодветно проширување на опфатот на соработката во рамките на Јадранската повелба за време на нејзиното Претседателство, вклучително и организирањето на овој неформален состанок на кој се разгледуваа актуелни и суштински теми.

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000