spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Јавна презентација и расправа по Нацрт извештај за стратегиска оцена на...

МЖСПП: Јавна презентација и расправа по Нацрт извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на „Меѓурегионална депонија за комунален отпад -централна постројка за управување со отпад лоцирана во општина Свети Николе“ КО Мечкуевци, општина Свети Николе

Врз основа на член 69 од Законот за животна средина („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 171/22), како и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и програми од областа на животната средина („Сл. Весник на Република Македонија“ бр. 147/08), Министерот на Министерство за транспорт и врски организира

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И РАСПРАВА ПО Нацрт извештај за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на „Меѓурегионална депонија за комунален отпад -централна постројка за управување со отпад лоцирана во општина Свети Николе“ КО Мечкуевци, општина Свети Николе

Се известуваат граѓаните, правните и физички лица дека се организира Јавна презентација и расправа за Нацрт Извештај за Стратегиска оценка на влијанието врз животната средина од Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за изградба на “Меѓурегионална депонија за комунален отпад – централна постројка за управување со отпад лоцирана во општина Свети Николе“ КО Мечкуевци, општина Свети Николе.

Јавната презентација и расправа на Извештајот за стратегиска оцена на животната средина ќе се одржи на ден 10.04.2023 година (понеделник) во 16:00 часот, во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе.

Одлуката за спроведување Стратегиска оценка на влијание врз животната средина од Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за изградба на “Меѓурегионална депонија за комунален отпад – централна постројка за управување со отпад лоцирана во општина Свети Николе“ КО Мечкуевци, општина Свети Николе, е дoнесена на 08.07.2022 и може да се погледне на следниот линк:http://mtc.gov.mk/Sozzs/test-159.

Нацрт Извештајот за Стратегиска оценка на влијание врз животната средина од Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за изградба на “Меѓурегионална депонија за комунален отпад – централна постројка за управување со отпад лоцирана во општина Свети Николе“ КО Мечкуевци, општина Свети Николе, беше објавен на 23.11.2022 година на web страната на Министерството за транспорт и врски ( http://mtc.gov.mk/Sozzs/test-197 ) и се уште може да се погледне на истиот линк.

Нацрт Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план за изградба на “Меѓурегионална депонија за комунален отпад – централна постројка за управување со отпад лоцирана во општина Свети Николе“ КО Мечкуевци, општина Свети Николе беше објавен на 07.11.2022 година на web страната на Министерството за транспорт и врски (http://mtc.gov.mk/Javen%20uvid/test-194) и се уште може да се погледне на истиот линк.

Министерството за транспорт и врски ја информира заинтересираната јавност дека до 25.04.2023 година сите заинтересирани можат да ги доставуваат своите забелешки, мислења и сугестии до Министерството за транспорт и врски, ул. Плоштад Црвена Скопска Општина бр.4, 1000 Скопје, или на електронските адреси на Министерството за транспорт и врски: aleksandar.karangelov@mtc.gov.mk и vesna.markovska@mtc.gov.mk.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...