Врз основа на донесената Одлука на Директорот на Агенцијата за млади и спорт за распишување на јавна набавка согласно член 55 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11), во рамки на проектот „Европска недела на спортот Градење на моќен, активен и силен тим EWoSBEAST “ договор бр. 101087337 склучен помеѓу Агенцијата за млади и спорт, како водечки апликант во проектот, и Европската Комисија “Дијалог со заинтересирани страни – Национални активности – Национални координативни тела – Европска недела на спорт во рамки на програмата Еразмус + се одобрува доделување на Договор за јавна набавка на работи за изведба на следнава јавна набавка:
- Набавка на спортски реквизити
Притоа, се повикуваат сите правни субјекти да пројават интерес за вклучување кон тендерскиот процес и изведбата на предвидените работи со испраќање на “Писмо за интерес” кое ќе содржи генерални податоци за правниот субјект и ќе биде наведен интересот за учество во понатамошниот процес на постапката.
Воедно, да приложат и референтна листа од релизирани проекти во последните 5 години.
Писмото за интерес со пропратната референтна листа да го достават на е мејл адреса: contact@ams.gov.mk или по пошта на адреса: Агенција за млади и спорт на РСМ, “улица Македонија бр.38”, 1000 Скопје.
Со ваквиот пристап се дава можност на што поголем број правни субјекти кои ќе пројават интерес за вклучување, да добијат директни дополнителни информации и пропратна документација за учество во тендерот, согласно ПРАГ ПРАВИЛАТА по основа на единственa тендер процедура како соодветна за овој тендер.
Повикот за пројавување на интерес за предметната набавка ќе биде отворен 5 календарски дена од објавата на иститот на веб страницата на Агенцијата за млади и спорт.
Извор: Агенција за млади и спорт