spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Со Ветеринарната комора - Прва Методологија за утврдување на цените на...

АХВ: Со Ветеринарната комора – Прва Методологија за утврдување на цените на ветеринарните услуги од јавен интерес

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и извршниот директор на Ветеринарната комона на Северна македонија Томислав Николовски во рамки на 27 Годишно собрание на Комората  ја потпишаа Методологијата за утврдување на цените активностите од јавен интерес од областа на здравствената заштита на животните.

Како што истакна директорот Бабовски, станува збор за прво системско решение за решавање на прашањата кои се однесуват на дефинирање на висината на цените на ветеринарните услуги од јавен интерес, врз основа на договорени принципи, на чие креирање неколку месеци макотрпно работеше стручна комисија.

Методологијата ја направивме врз основа на  договорени принципи на Агенцијата за храна и ветериансртво и Комората во интерес на  правично вреднување на трудот на докторите по ветеринарна медицина кои се активно вклучени во реализација на активностите од јавен интерес дефинирани со Годишната наредба за здравствена заштита на животните која секоја година ја носи АХВ.  Станува збор за документ кој ќе овозможи ветеринарната струка да се позиционира на вистинското место во општественото живеење и преку кој ќе се создадат услови  во соработка со науката. Во областа на ветеринарството како држава аспирант за членство во Европската унија овој документ претставува основа заедно да го поддржиме и да работиме на европскиот принцип Едно здравје

– истакна директорот Бабовски.

 

2

Претседателот на Ветеринарната комора Жарко Михајловски, го поздрави донесувањето на Методологијата истакнувајќи дека за нив приоритет останува лобирањето за намалвање на ДДВ за ветеринарните услуги, како и изработката на Стратегијата за справување со актуелниот проблем со бездомните кучиња, документ  на чија изработка членките на Комората активно работат во моментов.

Изработката на Методиологијата беше исклучително долг и макотрпен процес чие финале сега е реалност. Станува збор за еден од основните документи кој на ветеринарната професија треба да и даде нова додадена вредност и да го реши деценискиот проблем со цените на ветеринарните услуги од јавен интерес, врз база на дефинирани економски инпути

– рече извршниот директор на Комората Томислав Николовски.
3

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...