spot_img
spot_img

УЈП: Плаќање на даночни обврски за ДЛД и ДД за 2022 година

Самостојни органиОргани во составУЈП: Плаќање на даночни обврски за ДЛД и ДД за 2022 година

Најчитано

Рокот за плаќање на даночните обврски по основ на ДД и ДЛД истекува на:

  • до 30 Март 2023 година – за обврските по ДЛД-ДБ за 2022 година
  • до 30 Март 2023 година – за обврските по ДБ, ДБ-ВП и ДБ-НП/ВП на даночните обврзници кои до ЦРРСМ поднеле годишна сметка во хартиена форма (со рок за поднесување до 28.02.2023 година)
  • до 18 Април 2023 година – за обврските по ДБ, ДБ-ВП и ДБ-НП/ВП на даночните обврзници кои до ЦРРСМ поднеле електронска годишна сметка (со рок за поднесување до 15.03.2023 година)

Ги поттикнуваме оние даночни обврзници кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172.

Одложеното плаќање ќе Ви овозможи олеснувања, како:

  • отплата на долгот во месечни рати, или еднократно одлагање на плаќањето
  • УЈП нема да спроведува присилна наплата за долгот или ќе ја прекине започнатата постапка за присилна наплата
  • повратот на одобрено даночно побарување за ДДВ нема да биде условен со уплата на недоспеаните месечни рати и др.
    Со следниот Калкулатор направете пресметка колкава месечната рата за отплата на долгот во постапка за одложено плаќање треба да платите, според износот на главен долг за одреден број на месечни рати:
    Преземи калкулатор (прилог)

Начин на исполнување на даночниот долг
Даночниот обврзник го исполнува даночниот долг со плаќање на паричен износ на пропишаните уплатни сметки за јавни приходи: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/uplatni_smetki

Даночниот долг може да биде исполнет и со пребивање, ако даночниот обврзник има уплата по основ на даноци по друг основ или побаруван данок по друг основ во износ кој е поголем од долгуваниот износ, па од износот на претплатата ќе се намират пристигнатите обврски за данок на добивка. Исполнувањето на даночниот долг може да се изврши и со плаќање од страна на трето лице.

Повеќе информации за начинот на пресметување и плаќање на данокот на добивка, годишниот данок на вкупен приход и данокот на доход од самостојна дејност ќе најдете на:

http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/580
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/537
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/151

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000