spot_img
spot_img

НАЕОП: Јавен повик за учество на обука “Еколошки предизвици во евро-медитеранската област”

Самостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Јавен повик за учество на обука “Еколошки предизвици во евро-медитеранската област”

Најчитано

8-12 мај 2023 година | Nisi Raches, Грција

Медитеранските земји споделуваат одредени регионални карактеристики како што се топли и суви лета, влажни и студени зими и ридски терен, како и сличности со начинот на живот. Во исто време, постојат заеднички предизвици и еколошки ризици.


Задача:

Да се привлечат младинските работници активни во евро-медитеранската област да разменат мислења и практики во врска со климатските промени во областа. Ќе се фокусираме на зелените практики и одржливоста на животната средина во рамките на Еразмус+ проектите.

Цели:

  • Истражување на програмата Еразмус+/Млади, фокусирајќи се на приоритетот на животната средина и борбата против климатските промени. Ќе бидат споделени и информации за Европскиот солидарен корпус.
  • Подигнување на еколошката свест кај младите луѓе и младинските организации за еколошките прашања во врска со заштитата и одржливоста на животната средина.
  • Споделување заеднички предизвици и грижи.
  • Вмрежување, пронаоѓање нови партнери и градење заеднички проекти за заштита на животната средина и борба против климатските промени.
  • Размена на добри практики и алатки.

Целна група:

Оваа активност се препорачува за младински работници, младински лидери, проект менаџери, претставници на новодојдени/искусни организации, засегнати страни и млади луѓе.

Активноста е отворена и за учесници кои не доаѓаат од евро-медитеранот, но имаат искуство на темата и/или областа.

Учесниците треба да бидат постари од 18 години и да можат да комуницираат на англиски јазик.

Место и датум на одржување:

Активноста ќе се одржи во Raches Fthiotidas од 08-12 мај 2023 година во Nisi Raches глампинг (https://nisi.com.gr/en/home-en/) .

05.08 и 12.05 се сметаат за денови на патување. Се очекува да пристигнете до 08/05 навечер и да заминете на 12/05 по појадокот.

Сите учесници ќе бидат сместени во еднокреветни соби. Бидејќи е глампинг, собите ќе бидат Кордвуд бунгалови, мали каравани, дрвени кабини, еко куќи, куполи и куќи на дрво. Активностите ќе се одвиваат главно на отворено.

Се препорачува за:

Младински работници, младински лидери, младински креатори на политики, засегнати страни и млади луѓе.

 

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 08.05.2023 – 12.05.2023

(08.05.2023 е ден на пристигнување, 12.05.2023 е ден на заминување)

 

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест)

Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.

 

Крајниот рок за поднесување на апликации е 09.04.2023 година.

Линк за аплицирање: http://trainings.salto-youth.net/11091

 

 

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат само избраните учесници.

 

 

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 4учесниka на семинарот “Развивање на претприемачки компетенции во младинската работа “и при извршување на договорите, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000