Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, во споредба со 2021 година, вкупниот број на говеда е намален за 7.2 %. Намалување на бројот на говедата е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, a кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е забележано зголемување за 0.6 %.
Бројот на свињите во 2022 година, во споредба со 2021 година, е намален за 1.9 % во двата сектора.
Вкупниот број на овците во 2022 година е зголемен за 2.1 %.
Во истиот период, бројот на козите е зголемен за 5.9 %.
Бројот на живината во 2022 година, во споредба со претходната година, е зголемен за 5.2 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика