spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиГрадски паркинг Скопје: Самоиницијативно го исчисти хаварисани возила полни со ѓубре под...

Градски паркинг Скопје: Самоиницијативно го исчисти хаварисани возила полни со ѓубре под железничка станица во Скопје

Раководството на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, со цел да им излезе во пресрет на граѓаните од околните згради, како и на граѓаните и децата, кои секојдневно поминуваат покрај депонијата од хаварисани возила полни со смет ангажира екипа од вработени, во соработка со ЈП „Комунална хигиена„ – Скопје, коишто излегоа на терен и привремено ги префрлија хаварисаните возила во простор на претпријатието.

Освен што се дислоцираа овие возила, исчистен е и огромниот смет кој беше насобран во возилата, под и околу нив. На овој начин, граѓаните добија чист и преоден простор, кој е доста прометен во текот на денот, а овој дел од центарот на градот е лишен од една грда глетка, што претставуваше и закана по здравјето, бидејќи од насобраниот смет не само што се ширеше реа, туку се ширеа и бактерии.

Овие хаварисани возила веќе со години стојат под железничката станица во центарот на градот, а припаѓаат на одредени министерства, за што е покренато правна постапка за нивно дислоцирање, при што ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, нуди бесплатен превоз до потребната дестинација.

 

 

Извор: ЈП Градски паркинг Скопје

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Ја известуваме пошироката јавност дека денес од објава на извесен организатор на SkopYard кој од 21 март без претходно добиена согласност најавувал дека на...