spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Се одржа првата Национална работилница за управување со пожари на ниво...

МЗШВ: Се одржа првата Национална работилница за управување со пожари на ниво на предел

Во Скопје се одржа првата Национална работилница за управување со пожари на ниво на предел во Република Северна Македонија, организирана од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како национален партнер институција во рамки на програмата „Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан”, финансирана од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), координирана од ФАРМАХЕМ Скопје со советодавна поддршка од Helvetas Swiss Intercooperation.

На настанот присуствуваше заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, како и претставници на швајцарската амбасада, Министерството за животна средина и просторно планирање и претставници на институции кои имаат тесна поврзаност со секторот шумарство.

Западен Балкан, вклучувајќи ги Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора е еден од најпогодените региони во Европа од пожари на ниво на предел. Климатските промени, промените во користењето на земјиштето ја зголемуваат ранливоста на екосистемите од пожари на ниво на предел. Екстремните временски настани како што се долготрајните суши создаваат услови за разорни пожари. Врнежите после пожари резултираат со секундарни катастрофи како што се ерозија, лизгање на земјиштето и наноси во реките. Згора на тоа, појавата на инсекти и растителните болести се вообичаени појави по пожарите. Сето ова е доволна причина за земјите од регионот да соработуваат заедно преку програмата „Управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан”, со цел намалување на последиците и превенирање на опасностите од шумски пожари.

„Оваа работилница е можност да се собереме, да ги споделиме нашите искуства и знаења и да идентификуваме ефективни стратегии и политики за поефективно управување со пожарите на ниво на предел во Северна Македонија. Уверена сум дека дискусиите и идеите што ќе произлезат од оваа работилница ќе бидат клучни за да ни помогнат да се справиме со овој предизвик и да изградиме поотпорна и одржлива иднина“ потенцираше заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопантсво, Вјолца Бериша.

За да се ублажат негативните влијанија на пожарите на ниво на предел во Западен Балкан, неопходно е да се има инклузивна, прекугранична соработка и размена на знаења за зајакнување на капацитетите за управување со пожарите на ниво на предел. Сите овие аспекти се инкорпорирани во „Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан“. Програмата е структурирана во 2 фази. Првата фаза е веќе започната во феврари 2022 година и ќе трае до 31.08.2025 година. Втората фаза продолжува со времетраење од 4 години.

Целта на оваа програма е да се поттикне регионалната соработка, да се создадат заеднички политички поставувања и да се развијат стратегии и насоки за управување со пожарите на ниво на предел во земјите од Западен Балкан. Програмата користи партиципативен пристап кој го вклучува локалното население во процесите, ја промовира родовата еднаквост и дополнително ја зајакнува јавната свест за важноста на заштитата на природните ресурси.

Општата цел е да се зголеми отпорноста на шумите од Западен Балкан против пожари, во корист на луѓето кои зависат од овие предели за нивната егзистенција и социо-економскиот развој.

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

Илинден: Асфалтирање на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта извршено...