spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи разговараше со Блинкен и Шоле: САД дава силна поддршка за...

МНР: Османи разговараше со Блинкен и Шоле: САД дава силна поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија

На маргини на НАТО Министерскиот состанок, во Брисел, министерот Бујар Османи разговараше со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле.

Во фокусот на разговорите беше соработката и активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, регионалните актуелности, поддршката за постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, како и политичките состојби во земјава.

Шоле и Блинкен изразија силна поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија што е споделен стратешки интерес на Северна Македонија и САД и влог во целокупната регионална стабилност.

Министерот Османи денес ја продолжува посетата на НАТО во Брисел, втор ден од НАТО министерскиот состанок со средби со негови хомолози.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте