spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Бочварски - Ја испишување историјата на модерна, просперитетна и европска Македонија

МТВ: Бочварски – Ја испишување историјата на модерна, просперитетна и европска Македонија

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска се обрати на настанот по повод отпочнување на изградбата на автопатот Тетово – Гостивар на Коридорот 8.

 

Министерот во својот говор истакна дека со започнување на реализацијата на овој проект станува јасно дека модернизацијата на патната инфраструктура во земјата е врвен приоритет на Владата.

 

Во прилог интегралното обраќање на министерот Бочварски.

 

„Денеска ја испишуваме историјата на модерна, просперитетна и европска Македонија.

 

Ова е момент кој долго ќе го памтиме сите, овој камен темелник е доказ за посветената работа на институциите, на добрата координација, доказ за силната посветенот, да се избориме и да започнеме со реализација на предизвикувачки најголемиот капитален инфрастурктурен проект досега.

Најпрво сакам да честитам до сите кои беа инволвирани во овој процес и дадоа огромни напори да започнеме со реализација на овој проект.

 

Денеска даваме јасно до знаење на сите, инфраструктурата е најголем приоритет на оваа Влада и Република Северна Македонија останува на вистинскиот правец за модерна и просперитетна држава.

 

Многу пати ги слушавме декларативните заложби дека сакаме да ги затвориме европските коридори, 32 години се зборуваше но најтешките делници останаа нереализорани, патиштата на овое делници се истите од минатиот век.

 

Клучно прашње е дали сакаме да го вратиме она кое што е пропуштено како шанса? Сите ќе се согласиме дека сме за. Дали сакаме посилна економија младите да ни останат овде? Сакаме. Во делот на инфраструктурата направивме неколку чекори на тој пат, преку новите патни правци кои веќе се реалност, но јас сум убдеден дека ова е најсилнот чекор и најголемиот скок на тој пат.

 

Од тука,  започнуваме со изградба и модернизација на Коридор 8 и 10 д, нови автопатски делници со вкупна должина од 108 километри.

–           Денеска најавуваме старт на изградба на првата од четирите автопатски делници, автопатот Тетово – Гостивар во должина до 17,5 километри.

–           Веќе следната недела, запчнуваме со изградба и на автопатската делница Прилеп -Битола  во должина од 39,3 километри.

–           Истиот овој месец стартуваат и градежните работи на делницата Гостивар – Букојчани во должина од 30.3 километри.

–           А според договорот, предвидовме изградбата на делницата Требеништа – Струга – Ќафасан во должина од 21,7 километри да започне крајот на оваа година.

 

Сите сме свесни дека ова нема да биде лесна работа, ни претстојат огромни предизвици, бидејќи градежништвото е неизвесно на терен, но сакам да уверам дека максимално сме фокусирани на изградбата на овие проекти на Коридорите 8 и 10-Д.

 

А коридорите во Северна Македнија се од витално значење за целиот Западен Балкан и заради тоа имаме подршка и од нашите стратешки партнери.

 

И не случајно, присутни сме тука претставници од целиот регион, од Албанија, од Бугарија. Сите заеднички му даваме огромно значење на овој европски проект, бидејќи нашата заедничка иднина е европска.

И морам да спомнам дека ова е наш заеднички успех на сите граѓани во Република Северна Македонија.

 

Сакам да потенцирам дека за прв пат воведуваме нов модел во изградбата на патиштата кој низ Европа дава резултати. Се со цел да ја забрзаме изградбата на Коридорите, изведувачот ќе го примени принципот на “проектирање и изградба” а тоа подразбира дека на изведувачот му се дава обврска да проектира по делници и да гради.

 

Очекувам добро менаџирање со проектот и верувам дека компанијата Изведувач како светски реномирана компанија, ќе покаже силна акција, модерни методи и технологии на терен, а тоа е предуслов на зајакнување и на капацитетите на домашните градежни компании.

 

Имаме силна желба, имаме мотив и знаење да направиме сериозен чекор и преку доизградбата на Коридорите, земјава да ја потврди својата позиција на вистински центар и крстосница на Балканот.

 

Затоа слободно можам да кажам дека ова е година на инфраструктурата.  Инвестираме преку милијарда евра само во изградба на нови автопатишта, но градиме и нови експресни патишта, нова пруга кон Исток.

 

Република Северна Македонија и сите нејзини граѓани заслужуваат квалитетни и безбедни патишта, затоа очекувам сите максимално да се вложиме и да ги постигнеме стратешките цели на државата за модерна и развиена патна мрежа.

 

Уште еднаш честитки за сите и нека ова биде почеток на една успешна приказна за инфраструктурата, за економски развој и за просперитетна Македонија.“

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...