spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Известување за полагање стручен испит за воспитувачите и стручните соработници во...

МОН: Известување за полагање стручен испит за воспитувачите и стручните соработници во јавните ученички домови

Министерството за образование и наука согласно член 40 став 3 од Законот за ученичкиот стандард  („Службен весник на Република Македонија„ Бр: 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18 и 20/19) и („Службен весник на Република Северна Македонија„ Бр: 248/20 и 302/20) организира стручен испит за воспитувачите и стручните соработници кои по истекот на приправничкиот стаж се должни да го полагаат истиот.

Полагањето на стручниот испит Министерството за образование и наука ќе го реализира  во текот на месец април 2022 година.

Врз основа на член 3 од Правилникот за начинот и постапката при полагање на стручен испит на воспитувач и стручен соработник во јавен ученички дом („Службен весник на  РСМ” бр.46/21), воспитувачите/стручните соработници во ученичките домови кои го завршиле приправничкиот стаж и ги исполнуваат условите за полагање на стручен испит доставуваат Пријава за полагање на стручен испит со следната документација:

 

  1. Уверение за завршен приправнички стаж во јавен ученички дом во траење од една година во кое ќе биде наведен рокот во кој се одвивал приправничкиот стаж, заверено со архивски број на ученичкиот дом во кој се одвивал приправничкиот стаж.
  2. 2. Мислењеод менторот за работата на воспитувачот во текот на приправничкиот стаж, заверено со архивски број на ученичкиот дом во кој се одвивал приправничкиот стаж.
  3. Мислењеод највисокиот стручен орган на ученичкиот дом во кој е вработен воспитувачот за неговата воспитно-образовна работа, заверено со архивски број на ученичкиот дом во кој се одвивал приправничкиот стаж. Ученичкиот дом во кој работи приправникот да направи проверка по кој пат (прв, втор и т.н.) полага приправникот и истото да го нагласи во мислењето.
  4. Домашна писмена работа(во два примерока).
  5. 5. Извештај од Фондот за пензиско и инвалидско осигурувањеза остварен работен стаж на воспитувачот од една календарска година.
  6. Диплома или Уверениеза завршено соодветно образование (во оригинал или заверена на нотар).
  7. Уверение за здобиена педагошко-психолошка и методска подготовказдобиено на акредитирана високообразовна установа, односно Уверение за здобиена дефектолошкапедагошко-психолошка и методска подготовка здобиено на акредитирана високообразовна установа
  8. Примерок од уплатницатаза уплатените средства за полагање на стручен испит.

 

Пријавата со комплетната документација се доставува до МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА со адреса на ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр.54., 1000 Скопје, најдоцна до 13. 04. 2023 година (четврток).

 

Кандидатите за полагање на стручен испит уплаќаат средства во висина од 1.600,00 денари (илјада и шестотини) денари  на уплатница пополнета на следниот начин:

Цел на дознака: Уплата за стручен испит на воспитувачи и стручните соработници во ученичките домови

Назив на примач: Буџет на Република Северна Македонија, Министерство за образование и наука

Банка на примач: Народна банка на Република Северна Македонија;

Трансакциска сметка:  1000000000 630 95

Сметка на буџетски корисник:  160010032978760

Приходна шифра: 723013;

Програма: 30.

 

НАПОМЕНА: Прашањата за проверка на општите знаења во врска со законско-нормативната регулатива и организацијата на дејноста ќе бидат од актуелните законски прописи од областа на организацијата на воспитно- образовната дејност во јавните ученички домови и Законот за ученички стандард.

 

Некомплетна и ненавремено доставена документација нема да се разгледува и истата ќе биде вратена.

 

 Пријава

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...