HomeОпштиниКарпош: Аплицирајте за субвенции за купување на нов велосипед, е - тротинет...

Карпош: Аплицирајте за субвенции за купување на нов велосипед, е – тротинет и е – велосипед

spot_img
spot_img

Почитувани карпошани.

 

Ве известуваме дека сѐ уште е во тек акцијата за субвенционирање при купување на нов велосипед, електричен тротинет и електричен велосипед, која започна на  21.03.2023 година. Поточно, од вкупниот фонд од 700.000 денари кој Општина Карпош го обезбеди  за оваа намена, на располагање се уште 200.000 денари. Во таа насока ве поттикнуваме да аплицирате за овие субвенции, доколку сакате да се подновите со горенаведените превозни средства.

 

Како што претходно информиравме, оваа акција трае до исцрпување на предвидените финансиски средства, при што важи принципот “прв дојден, прв услужен“. Ве потсетуваме дека локалната самоуправа субвенционира до 30% од цената на купување на нов велосипед, или во максимален финансиски износ, најмногу до 3.000 денари. Општината дава субвенции и за купување на електричен тротинет и електричен велосипед  во висина до 30% од цената, односно најмногу до 5.000 денари.

 

За подетални информации кликнете на следниов линк.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија