spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало,...

ДЗС: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, март 2023 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот и индексот на цените на мало во март 2023 година, во споредба со претходниот месец, изнесува 99.9.

Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај лебот и житата за 4.7 %, млекото за 4.6 %, маслото и маснотиите за 2.4 %, сирењето и урдата за 2.2 %, свежото и разладеното овошје за 1.2 %, рибата и морските плодови за 0.8 % и јајцата за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 6.2 %, игрите, играчките и хобијата за 5.1 %, течните горива за домаќинствата за 2.5 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 1.2 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.1 %, обувките за 1.0 %, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.7 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.6 %, моторните возила за 0.4 %, теписите и другите подни покривки, текстилот за домаќинствата за 0.2 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 8.8 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2.1 %, кафето, чајот, какаото, виното за 0.8 %, жестоките пијалаци за 0.7 %, месото, прехранбените производи, неспоменати на друго место, пивото за 0.6 %.

Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај градините, растенијата и цвеќињата за 6.8 %, стоматолошките услуги за 4.3 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 4.1 %, цврстите горива за домаќинствата за 3.8 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 3.6 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за  2.8 %, велосипедите, електричните апарати за лична хигиена за 2.5 %, туристичките аранжмани за 2.2 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, услугите за сместување за 1.9 %, терапевтските помагала и опремата за 1.8 %, ткаенините за изработка на облека за 1.6 %, собирањето отпадни води, другите лични предмети за 1.5 %, големите алатки и опремата, домашните миленици и сродните производи за 1.4 %, производите за домаќинството – нетрајни за 1.2 %, другата облека и додатоците за облека за 1.1 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, канцеларискиот  материјал и материјалите за цртање за 1.0 %, мебелот и покуќнината, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.9 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.7 %, рестораните, кафулињата и слично за 0.6 %, облеката, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0.5 %, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето, поправката на апаратите за домаќинствата, фармацевтските производи, парамедицинските услуги за 0.4 %, снабдувањето со вода, другите медицински производи, медицинските услуги, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.3 %, малите алатки и останатите додатоци, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.2 %.

Индексот на трошоците на животот во март 2023 година, во однос на март 2022 година, бележи зголемување од 14.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 10.7 %.

 

  Преземи го соопштението во целост

   Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта: press@stat.gov.mk

 

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...