Деновите во Општина Кавадарци пристигна донација на компјутерска опрема. Донацијата е обезбедена во комуникација со Александар Мурџев со потекло од Кавадарци кој што живее и работи во Германија во компанијата “EPT – electronic precision technology” од областа на хардвер и софтвер.
Компјутерите ќе бидат наменети за потребите на локалната самоуправа, јавните претпријатија и установи основани од локалната самоуправа, како и потребите на основните училишта во Општина Кавадарци. Изразуваме благодарност до компанијата и се надеваме на понатамошна соработка.
Извор: Општина Кавадарци