spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: ПАКОМАК пред локални компании го претстави новиот еколошки проект за селекција...

Кавадарци: ПАКОМАК пред локални компании го претстави новиот еколошки проект за селекција на отпадни пластични шишиња и лименки

Градоначалникот д-р Митко Јанчев заедно со Друштво за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК ДОО, пред локалните компании Кожувчанка ДОО, ТД-ТД ДООЕЛ, Минекс ДОО, Маркет Дијана ДД, ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ, КАМ ДОО, Стокомак ДОО, ДРЕКСЛМАЈЕР МАНУФАКТУРИНГ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ, Винарска визба Тиквеш и невладините Еко Живот Кавадарци, Еко Индикатор Кавадарци го презентираше новиот еколошки проект за селекција на отпадна пластика и отпаден метал (отпадни лименки) односно поставување на Вендинг машини на територијата на Општина

Кавадарци. Презентирањето на проектот пред горенаведените компании кои пуштаат во промет и тргуваат со амбалажа од отпадна пластика и отпаден метал (отпадни лименки) е со цел да истите земат учество во истиот како општествено одговорни компании.

Целта на проектот е отпадната палстика и лименки во целос се селектира и собира во овие Вендинг Машини, а за тоа граѓаните на апликација да добиваат зелени поени односно по 1 денар за секое селектирано шише или лименка.

На ова претстои уште еден состанок на кој ќе се дефинираат бројот на Вендинг машините и компаниите кои ќе земат учество во овој современ еколошки проект.

Погледнете: ??

Извор: Општина Кавадарци

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...