spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: Врачена плакета на Градоначалникот Митко Јанчев за ,,Менаџер за 2022 година”

Кавадарци: Врачена плакета на Градоначалникот Митко Јанчев за ,,Менаџер за 2022 година”

Директорот на весникот Вечер и порталот vecer.press г-дин Бобан Богдановски Андрески, на градоначалникот Митко Јанчев му е врачена плакета ,,Менаџер за 2022 година”, за особен придонес во развојот на Општината и на компанијата Кожувчанка.

Весникот Вечер по повод јубилејот од 60 години, оваа година, ова високо признание го додели на 7 менаџери на престижни компании за постигнати резултати во своето работење.

Градоначалникот во оваа прилика изјави ,,Од весникот Вечер и порталот vecer.press како најпрестижни и најобјективни, сум пријатно изненаден за изборот на менаџер за 2022, а уште попријатно изненаден од присуството на денешните гости директорот Бобан Богдановски Андрески и главниот уредник Весна Миќиќ Божиновска и тоа што лично ми ја врачија оваа плакета. Мотивацијата од објективноста на луѓето е мој најголем предизвик за понатамошно работење”.

Погледнете: ??

Извор: Општина Кавадарци

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...