spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Бесплатна градинка за деца од социјално загрозени и многудетни семејства

Гази Баба: Бесплатна градинка за деца од социјално загрозени и многудетни семејства

На вчерашната седница на Советот на општина Гази Баба беше донесена Одлука за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на деца во градинките на територијата на општина Гази Баба за следните категории родители:

-Родители на три деца запишани во градинка, се ослободуваат од плаќање месечен надоместок за престој за едно дете;

-Самохран родител со примања до една минимална плата или со останати приходи во износ до една минимална плата се ослободува од плаќање месечен надоместок за                        престој на детето/децата;

-Двајца родители без приходи или самохран родител без приход (невработени лица) се ослободуваат од плаќање месечен надоместок за престој на детето/децата;

-Двајца родители од кои еден е без приходи (невработено лице), а другиот родител со примања до една минимална плата или со останати приходи во износ до една минимална плата              се ослободуваат од плаќање месечен надомест за престој на детето/децата;

-Родител на деца со категоризација за потешкотии во развојот на детето/децата, се ослободуваат од плаќање надомест за престој на детето/децата.

Во услови на сериозна економска криза како одговорна општина ја имплементираме оваа мерка за поддршка на социјално загрозените и многудетните семејства. Сакаме да создадеме услови на еднаквост на децата и се овозможуваме секое дете да има можност да помине период во градинка во својата предучилишна возраст. Ги повикуваме граѓаните на кои им е потребно да ја искористат оваа можност.

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...