spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаКовачевски-Рубин: Северна Македонија и САД остануваат партнери во активната одбрана од дезинформациите

Ковачевски-Рубин: Северна Македонија и САД остануваат партнери во активната одбрана од дезинформациите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија Артан Груби, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, денеска се сретна со делегација предводена од Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин и амбасадорката на САД Анџела П. Агелер.

На средбата тема на разговор беа состојбите и борбата со дезинформации, манипулација со информации како и другите закани во информатичкиот простор на Западен Балкан кои се организирани од трети земји.

Во фокус на средбата беше зацврстувањето на поддршката за иницијативите за борба со дезинформациите кои ја поткопуваат демократијата и националната безбедност низ целиот свет, и како двете страни можат да соработуваат за колективно да се спротивстават на заканите во информативниот простор на Западен Балкан. Акцентирана беше потребата од вмрежување на сите партнери и засегнати страни како на национално така и на регионално ниво.

Премиерот Ковачевски ги посочи активностите кои Владата на Северна Македонија ги презема секојдневно и стратешки во насока на справување со штетното дејство од дезинформациите и нагласи дека  демократскиот свет е под постојан напад од пропагандни центри чија цел е да внесуваат страв и несигурност кај населението, да ги поткопуваат демократиите и на нечесен, манипулативен начин, на штета на јавниот интерес и добробитот на граѓаните, да шират влијанија на трети страни.

„Владата застанува одлучно во спротивставувањето на дезинформациите и постојано воспоставува партнерства во оваа глобална битка, со стратешките партнери, со независните сервиси за проверка на факти, со домашните институции, со медиумските организации и со медиумите. Само со заеднички и сеопфатен пристап на сите чинители во општеството ќе успееме да се справивме со штетните дејствија на дезинформациите.“, нагласи премиерот Ковачевски.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...