spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМЕ: Бектеши - Увозните цени на овошје и зеленчук пораснале и до...

МЕ: Бектеши – Увозните цени на овошје и зеленчук пораснале и до 30%, корегирани дел од замрзнатите цени

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе измена на Одлуката за определување на највисоки цени на овошје и зеленчук во трговијата на мало.

Министерството за економија врз основа на спроведените консултации со најголемите увозници на овошје и на зеленчук во Република Северна Македонија, како и имајќи ги во предвид најновите податоци од Царинската управа и утврди дека увозната цена на одредени видови овошје и зеленчук е зголемена, поради претстојните празници.

„По консултациите со увозниците на овошје и зеленчук и со претставници од Стопанската комора на Северна Македонија кои ги имавме минатата недела и согласно доставените податоци и од Царинската управа, утврдивме зголемување на увозните цени и до 30%, посебно кај доматите, краставиците и кај гравот. Контролите на инспекциите и надлежните институции ќе продолжат и во наредниот период се со цел да не бидат оштетени граѓаните, Буџетот на државата, како и да се сузбие и сивата економија и да има поголема конкурентност на домашното производство“ кажа министерот за економија Крешник Бектеши образложувајќи ја последната одлука на Владата.

Согласно одлуката новите највисоки цени на овошјето и зеленчукот се: до 95 денари за  килограм свежи домати, до 95 денари за  килограм свежи краставици, до 70  денари за  килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95  денари  за  килограм грав, до 110  денари за  килограм леќа, до 75  денари за  килограм банани, до 60  денари  за  килограм портокали, до 65  денари  за  килограм мандарини и до 60  денари  за  килограм лимони. Кај карфиолот се укинува ограничувањето на највисока цена.

Ваквото ограничување на највисоките цени на овошјето и на зеленчукот во трговијата на мало, останува да важи до 30 април 2023 година, а ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Реконструирани три краци од улицата „Скупи“

0
Деновиве се одвиваше завршната фаза од градежните активности при што беа реконструирани трите краци од улицата „Скупи“ која се наоѓа во населеното место Злокуќани....