spot_img
spot_img

МНР: Османи – Зурабишвили: Вклучувањето на жените во мировниот процес значи долгорочен и одржлив мир

МинистерстваМНР: Османи – Зурабишвили: Вклучувањето на жените во мировниот процес значи долгорочен...

Најчитано

Вклучување на сите засегнати страни при медијацијата на конфликтни ситуации е од клучно значење. Ова беше една од пораките што Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ја истакна на средбата со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили.

Тоа ќе овозможи сеопфатност на процесот што ќе доведе до повеќе посакувани резултати, рече Османи.

„Во таа насока, особено е важно вклучувањето на жените во мировните процеси, бидејќи преку еден таков пристап може да се обезбеди долгорочен и одржлив мир. Сите учесници треба да го подобрат значајното учество на жените во Mеѓународните дијалози во Женева и сметаме на вашата поддршка. Целосно сме свесни за вашата силна улога на полето на женското лидерство во решавањето на конфликти“, истакна Османи на средбата со Зурабишвили.

Покрај поддршката на ОБСЕ за решавање на овие прашања во рамки на  воспоставените меѓународни платформи, ОБСЕ е подготвен да го засили својот ангажман директно во и со Грузија преку претставување на нови програми во трите димензии на безбедноста. ОБСЕ може да даде дополнителен импулс и на регионалните иницијативи, потенцираше Османи.

„За спроведувањето на оваа идеја јас давам целосна политичка поддршка и ве уверувам дека Претседателството е подготвено да го сподели своето специфично искуство од Северна Македонија и од Балканот за зајакнување на регионалната соработка“, истакна на средбата Османи.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000