spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Резултатите од имплементацијата на Проектот за подобрување на социјални услуги се...

МТСП: Резултатите од имплементацијата на Проектот за подобрување на социјални услуги се одлични, за тоа потврдуваат и задоволните корисници

Во рамки на работните активности на Проектот за подобрување на социјални услуги на Министерството за труд и социјална политика, кој се реализира со поддршка на Светска Банка, се одржуваат дводневни  работилници за размена на искуства за подобрување на имплементацијата на Грант програмата за развој на социјални услуги. На работилниците се присутни претставници на провајдери -даватели на услуги, стари и нови, од центрите за социјална работа и претставници од Светска Банка.

Работилницата првиот ден ја отвори министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска која посочи дека резултатите од спроведувањето на Проектот се одлични, а за тоа потврдуваат и самите корисници на социјални услуги кои се дел од проектот.

„Ефектите од спроведувањето на социјалната реформа денеска ги чувствуваат над 700 корисници, кои добиваат помош и нега во домот, наместо во установа. Од големо значење се и отворањето на центри за дневен престој на лица со попреченост, како и отворањето на Дневни центри за активно стареење. Но, она кое што е важно е дека во давањето на социјалните услуги ги ангажираме  тешко вработливите лица од заедницата“, истакна Тренчевска.

Очекувањата се дека на дводневната работилница, ќе се отворат сите прашања и ќе се расчистат сите дилеми во врска со социјалните услуги, а се во насока на обезбедување на квалитетна услуга од која придобивка имаат граѓаните. За таа цел претставници на провајдерите кои веќе се вклучени во Проектот, ги споделија нивните искуства, а од нивна страна и од страна на лица присутни од министерството и за труд и социјална политика се одговараше на поставените прашања од страна на новите провајдери.

По работилницата, се оствари и состанок, на кој присуствуваа министерката Тренчевска и претставници од Проектот за подобрување на социјалните услуги и Светска Банка.

 

Со оглед на тоа дека реализацијата на Проектот дава одлични резултати, се дискутираше и се поставија идните цели како негово продолжување.

Целите на кои ќе се работи идниот период се: проширување на капацитети во детски градинки со цел вклучување на што поголем број на деца во предучилишниот процес, обуки за кадарот во градинките како продолжување со обуките на кадарот во градинките за зајакнување на нивните вештини, проширување на мрежа на провајдери на социјални услуги, преку обезбедување на грантови за воспоставување на нови социјални услуги, продолжување на поддршката за Центар за превенција и заштита на децата од ризици со проширување на видот на достапните услуги и активација на корисници на ГМП и лица во социјален ризик.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...