spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДојран: Работен состанок во Министерството за животна средина

Дојран: Работен состанок во Министерството за животна средина

Добросостојбата на Дојранското Езеро и неговиот биодиверзитет отсекогаш биле на врвот на листата на приоритети во работата на Општина Дојран.
Токму затоа се одржа координативен состанок во Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со министерката Kаја Шукова.
На состанокот беа присутни и претставници од невладината организација Милиеуконтакт, наши долгогодишни соработници од областа на заштита на Дојранското Езеро.
Се разговараше на повеќе теми, а најголем акцент се стави на заштита на езерото и отпочнатите постапки за изградба на нова пречистителна станица и санација на колекторскиот систем кои се врвен приоритет во нашата работа.
Дополнително, беше разговарано и за студијата за реализација и менаџментот за управување кои се неопходни документи за правилното менаџирање со езерото и неговиот биодиверзитет.
Од страна на министерката беше потенцирано дека Општина Дојран и Дојранското езеро ќе бидат вметнати во буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2024 година како еден од клучните приоритети и предизвици во истата.

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...