Ја известуваме јавноста дека утре, 21 април 2023 година, за време на државниот празник – Рамазан Бајрам, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата. Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, им го честита Рамазан Бајрам, на сите граѓани на Република Македонија, кои го слават овој празник.
Извор: ЈП Градски паркинг Скопје