spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингБреинстер Некст колеџ повторно ја нуди опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“...

Бреинстер Некст колеџ повторно ја нуди опцијата „Студирај сега, плаќај по вработувањето“ за идните студенти

Првиот акредитиран практичен ИТ-факултет Бреинстер Некст колеџ и оваа година ќе овозможи студии без никакви трошоци сѐ до вработувањето за кандидатите што ќе се запишат на додипломските студиски програми преку уникатната и единствена поволност за студиско финансирање„Студирај сега, плаќај по вработувањето“.

Со ова, Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College) продолжува со својата инвестиција од 2.5 милиони евра која започна во 2022 година, чија цел е да му овозможи квалитетно, практично и иновативно високо образование на секој запишан студент за 0 денари, до дипломирање и вработување.

Тестот за компетенции, како основен услов за студентите да се стекнат со оваа поволност е веќе отворен и ќе биде достапен до 22 мај 2023. Тој ќе важи за упис и на двете студиски програми – Софтверско инженерство и иновации и Примена на информациски технологии – дигитален дизајн и интерактивни технологии.

„Главниот мотив за оваа инвестиција и поволност е да помогнеме да се тргне примарната грижа на студентите и нивните родители при одлуката за избор на студии – а тоа се финансиите. Станува збор за уникатен модел на финансирање чија примарна цел е најспособните студенти, без разлика на нивните финансиски можности, да добијат можност за врвно апликативно образование кое ќе води кон сигурно вработување и кариера од иднината“, вели Александар Клашниновски, генерален менаџер на факултетот.

 

Тој додава дека факултетот кој е основан од Бреинстер, не користи стандарден приемен испит и дека уписот не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд на кандидатите, туку на компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува.

Бреинстер Некст колеџ нуди две студиски програми кои носат 180 ЕКТС, а местата се ограничени со цел работење во мали групи и посветување соодветно внимание на секој студент. Лани на Софтверско инженерство и иновации се запишаа 46 студенти, а годинава факултетот ја подготви и новата програма за UX/UI и графички дизајн која е во процес на акредитација.

Повеќе информации за факултетот може да се најдат на ЛИНКОТ, а тестот за компетенции е достапен ТУКА.

 

 

 

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...