Утрово градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше на отворањето на новиот клуб за пензионерите од Стајковци и околните населени места.

Со овој клуб обезбедуваме простор во кој пензионерите ќе можат да го поминуваат своето слободно време и да уживаат во своите пензионерски денови.

Општина Гази Баба негува пријателски однос со Здружението на пензионери на Гази Баба и тоа ќе продолжи и во следниот период.

Извор: Општина Гази Баба























