spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗапочна процесот на подготовка на Стратегија за транспарентност на Владата со Акциски...

Започна процесот на подготовка на Стратегија за транспарентност на Владата со Акциски план (2023–2026 )

Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење е надлежна за координирање на процесот за подготовка на новата Стратегија за транспарентност на Владата со Акциски план (2023 -2026).

За тоа е формирана работна група со вклучени претставници од државните институции, граѓанскиот сектор, претставници од новинарските здруженија и меѓународните организации со седиште во Република Северна Македонија.

Во Стратегијата за транспарентност на Владата со Акциски план (2023-2026 ) ќе бидат утврдени приоритетните области и ќе бидат дадени стратешки насоки за институциите за примена на принципите на добро владеење, кои се дел од правниот систем на Европската Унија (ЕУ) и принципите на добро владеење на Советот на Европа.

Стратегијата ќе послужи како  механизам за поврзување и усогласување на сите досега донесени стратешки документи и законски и подзаконски решенија, кои на директен или индиректен начин целат кон подобрувањето на транспарентноста на владините институции. Со новиот текст на Стратегијата за транспарентност на Владата со Акциски план (2023-2026) ќе се дефинираат потребните процедури и стандарди за зголемена транспарентноста и отчетност на соодветно ниво, со што ќе се овозможи и повисоко ниво на одговорност на сите јавни службеници и функционери пред граѓаните.
Решение за формирање на работна група за изработка на Стратегијата за транспарентност на Владата со Акциски план (2023-2026) ПРЕЗЕМИ

Временска рамка  за подготвување на Стратегијата за транспарентност на Владата ПРЕЗЕМИ.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...