spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСеверна Македонија и Австрија се силни економски партнери, имаме огромна поддршка за...

Северна Македонија и Австрија се силни економски партнери, имаме огромна поддршка за евроинтеграцискиот процес

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во Виена, во рамки на дводневната работна посета, оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер.

Двајцата соговорници разменија ставови и информации за актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат европските земји, како и последиците од економско-енергетската криза.

Премиерот Ковачевски, го запозна австрискиот канцелар со актуелните внатрешно политички случувања во Северна Македонија, изрази задоволство од тоа како тече скрининг процесот и реформскиот процес во земјата.

Ковачевски му се заблагодари на Нехамер за севкупната поддршка од Австрија за процесот на пристапните преговори како и за силната поддршка која ја добива Северна Македонија како на економски така и на безбедносен план. Австрија е силен и гласен поддржувач, партнер и застапник за европската интеграција на Северна Македонија, и на земјите од Западниот Балкан, беше кажано на средбата.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...