spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Презентација на програмата ,,Дигитална ера“

МИОА: Презентација на програмата ,,Дигитална ера“

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, одржаа заедничка прес конференција посветена на дигитализацијата.

На прес конференцијата беше промовиран слоганот “Дигитална ера”, под кој ќе продолжи да се води процесот на дигитална трансформација. ДигиталнаЕра (https://digitalera.mioa.gov.mk) е најновата онлајн платформа на МИОА и оваа иницијатива носи дополнување и промоција на електронските услуги за граѓаните и администрацијата.

 

Како што истакна министерот Алиу, „Дигитална ера” преку онлајн услугите има за цел да ги олесни и навремено да обезбеди услуги за граѓаните, да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на државната администрација. Исто така, значително ќе се намали времето за добивање услуга на шалтерите. MИОА во 5 градови има интегрирани услужни пунктови  кои го нудат концептот на едношалтерски систем, а со новата стратегија за дигитална трансформација граѓаните ќе имаат можност да ги добиваат овие услуги во сите населени места.

,,Сакам да нагласам дека при дигитализацијата на услугите посебен акцент ќе се стави на подобрување на дигиталната инфраструктура за лицата со посебни потреби. Свесни дека дигиталната трансформација го менува животот и секојдневието како на граѓаните така и на бизнисите, за успешна имплементација на тој процес од самиот почеток на креирање на  стратегиите ќе бидат подеднакво вклучени сите членови на нашето општество како што се: младите, граѓанското општество и бизнис заедницата, се со цел да обезбедиме инклузивен дигитален екосистем”, истакна министерот Алиу.

Тој додаде дека сајбер безбедноста ќе има посебен акцент на дигиталната трансформација, која ќе биде еден од столбовите на дигиталната агенција што ќе се креира оваа година. Исто така најави во наредните седмици организирање на конференции со слоган „Дигитална ера“, посветени на конкретни процеси кои ќе бидат дигитализирани, како и дискусии за имплементација на националните стратегии за дигитална трансформација.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски меѓу другото потенцираше дека фокусот во наредниов период ќе биде воведување на дигитализација на сите нивоа на државата преку брзи електронски услуги и целосно обезбедување на едношалтерски систем за сите граѓани.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

МЕТ: Преку креирање на заеднички економски политики и меѓусебна соработка ќе...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамките на официјалната посета на Приштина, Република Косово денеска оствари средба со министерката за индустрија, претриемништво...